Криминалците во Русија ги користат децата за финансиски измами
Криминални мрежи во Русија почнале да ги вклучуваат децата, па дури и ученици на возраст од седум години, во нелегални финансиски активности преку злоупотреба на училишни платежни картички поврзани со родителски банкарски сметки.
Препорачано
Ова го соопшти директорот на Федералната служба за финансиски надзор, Јуриј Чиханчин, на средба со рускиот претседател Владимир Путин, пренесе РИА Новости.
„Особена загриженост предизвикуваат малолетниците. Денес имаме случаи во кои деца се вовлечени во вакви трансакции. Тие користат картички за плаќање оброци, а криминалците ги злоупотребуваат тие податоци“, изјави Чиханчин.
Тој предупреди дека ваквите активности се само почеток, бидејќи некои од децата потоа се вклучуваат во уште поопасни криминални структури поврзани со трговија со дрога и екстремизам.
Чиханчин нагласи и дека достапноста на финансиските услуги преку дигитални канали, како и развојот на информатичката технологија, ја олесниле регрутацијата на граѓани во вакви шеми.
„Повеќе од 50.000 веб-страници активно привлекуваат корисници во овие мрежи. Расте бројот на транснационални финансиски операции надвор од легални рамки“, изјави тој.


