Крилото на Кожув Николовски во репрезентативна форма

Кошаркарот на Кожув, Кирил Николовски во Топ 3 најдобри стрелци во домашната лига/Фото: kfsm.mk

Иако резултатски не им оди како што посакуваат во првите три кола, Кирил Николовски бележи одлични бројки како играч на Кожув. Како одминуваат натпреварите, така некогашниот македонски репрезентативец оди кон горните позиции во оние главни статистички колони.

Новото добро издание во натпреварот против Навико Академија ФМП го постави на третото место на листата на најдобрите стрелци во лигата, со просек од нешто повеќе од 20 поени по натпревар, веднаш зад водечкиот двоец, Стефан Крстајиќ (Навико Академија ФМП) со 23,67 и Ландриус Хортон (ТФТ) кој е на 22,33 поени по меч.

Во овој момент, Николовски е и четврти скокач во првенството, со просечни 9,33 скока по натпревар. Првото место во ова категорија го презема Милош Мацура (Работнички) кој е на бројката од 13,33 скока, пред Хортон (ТФТ) со 11, и Филип Бакоч (Навико Академија ФМП) со 9,5 скока.

Кирил Николовски е и трет на листата на играчи со најголем број на минути поминати во игра. На првите три средби во просек игра по 36:20 минути. Нешто помалку во однос на неговиот соиграч од Кожув, Чез Вилијамс кој има 37:38, како и Стефан Крстајиќ (Навико Академија ФМП) со 36:23 минути.

Важи и за еден од најдобрите тројкаши во лигата затоа што на трите досега одиграни натпревари погодува со 57,14% на успешност од линијата зад 6,75 метри.

ТОП 5

ПОЕНИ

1.Стефан Крстајиќ (Навико ФМП)       3          71       23.67

2.Ландриус Хортон (ТФТ)          3          67       22.33

3.Кирил Николовски (Кожув)  3          62       20.67

3.Џексон Емерсон (Работнички)         3          60       20.00

5.Исаја Мандерсон (Ангели)    3          57       19.00

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот