Кремљ: НАТО го зголемува степенот на ескалација, оди предалеку во воената реторика
НАТО го зголемува степенот на ескалација и оди предалеку во воената реторика, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков во интервју за телевизијата РЕН-ТВ.
Препорачано
Портпаролот на Кремљ го коментираше предлогот на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, повторно да се разгледа прашањето дали Украина може да изврши напади со западно оружје против воени објекти лоцирани на меѓународно призната руска територија, пренесе ТАСС.
„НАТО го зголемува степенот на ескалација. НАТО оди предалеку во воената реторика. Запаѓа во еден вид воена екстаза. Ова е реалноста со која ќе мораме да се соочиме понатаму“, рече Песков.
Во исто време, тој нагласи дека повиците на Столтенберг за испорака на повеќе оружје и муниција за Украина и укинување на ограничувањата за нивна употреба не можат да бидат негово лично мислење.
„Тој е функционер. Тој е генерален секретар на Северноатлантската алијанса. Вака ние го сфаќаме ова“, нагласи Песков. Тој додаде дека „нашата војска исто така знае што треба да се направи“.
„Армијата ја продолжува специјалната воена операција“, изјави тој.


