Крцкаво чоколадно уживање: Рецепт за домашна карамела со чоколадо и бадеми

Фото: Brent Hofacker / Alamy / Alamy / Profimedia

Крцкаво чоколадно уживање кое конечно ќе го имате колку сакате, ако го направите сами.

Многу е едноставно, направете карамела, покријте со чоколадо и посипете со бадеми. Доколку повеќе сакате ореви, лешници или кикирики и тие можат да бидат одлична замена за бадемите.

Ако никогаш не сте направиле домашна карамела, варете додека смесата не добие боја на путер од кикирики . Шеќерот има тенденција да загори, но ако навреме го тргнете од огнот, нема да се случи тоа. Во секој случај, не се обидувајте да го направите овој десерт во оскудна облека или боси, бидејќи шеќерот прска додека се готви, а на гола кожа може да биде буквално незаборавно искуство.

Готовиот десерт скршете го на парчиња, ставете го во целофан, врзете со машна и спремни сте за гости!

Состојки:
450 г путер, исечен на 12 парчиња
400 г шеќер
½ лажичка сол
1 лажичка екстракт од ванила
230 г чоколадо крупно изрендано
100 г печени цели бадеми, крупно сецкани (може да користите и кикирики, лешници или ореви)

Подготовка:
Обложете ја тавата со алуминиумска фолија или хартија за печење.

Додадете го путерот во тенџерето и варете на средна топлина додека не се растопи, но не и да зоврие. Додека мешате, постепено додавајте шеќер и сол и варете додека смесата не добие боја на путер од кикирики, 10 до 15 минути. Ако смесата почне да се одвојува, повторно мешајте додека не се соедини. Тргнете го од оган и внимателно измешајте ја ванилата.

Веднаш истурете ја смесата во обложената тава. Оставете го на страна да се излади малку, околу 3 минути. Посипете рамномерно со чоколадо и оставете да отстои додека не се стопи, околу 5 минути. Распоредете ја чоколадата во рамномерен слој со метална или силиконска шпатула.
Посипете со јаткасти плодови и нежно притиснете ги во чоколадото.

Целосно се лади на собна температура, најмалку 3 часа, а потоа се крши со раце на парчиња и се сервира.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот