Кратката коса повторно е тренди – Ова во моментот е најпопуларната фризура!

Фото: Инстаграм

Одлично им стои на сите облици и форми на главата, пробајте и уверете се…

Доколку сакате пократка фризура, овој тренд сигурно ќе ви се допадне. Боб фризурата со патец на страна повторно е тренди. Оваа фризура, според фризерите, во моментот се наоѓа на самиот врв.

Освен поради интересниот изглед, оваа фризура е толку популарна и поради фактот што одлично им прилега на сите. Без оглед дали имате овален и широк облик на лицето, оваа фризура одлично ќе ви прилега.

Фото: Инстаграм

Од друга страна, не е премногу кратка, па ви остава можност да направите многу фризури. Можете да ја исфенирате рамно, но и да си направите брановидни прамени, или пак да ја врзете во пунџа.

Фото: Инстаграм

Длабокиот патец на страна создава илузија дека шишките се префрлени на страна, без потреба косата да се крати или да се прави нешто посебно кога станува збор за шишките.

Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот