Кралицата Летиција во веќе носена модна комбинација изгледа беспрекорно! (ФОТО)

Кралицата Летиција од Шпанија (47) позната е како некој кој не штеди кога станува збор за квалитетни модни парчиња, но и како некој кој не троши ирационално, не е ретко да ја видите повеќепати во иста комбинација.

Сепак, таа овојпат отиде чекор подалеку – го повтори скоро секој детаљ од својата стара модна комбинација.

Profimedia

Сопругата на шпанскиот крал присуствуваше на настанот оддржан од страна на организацијата „APRAMP“, која ги штити сексуалните работници во Шпанија, а за таа прилика се појави во многу елегантен костум во бебешко розова нијанса од модната куќа „Hugo Boss“. Станува збор за спој на панталони со рамен крој кои ја следат линијата на телото и предимензионирано сако со лажни, дворедни копчиња. Тука се вклопува и едноставната бела блуза. Кралицата оваа комбинација ја надополни со салонки на полна потпетица, а од модни додатоци одбра впечатлив златен прстен кој го носеше на показалецот.

Прочитајте и...  ФОТО: Бил милионер во 80-те години, а потоа останал без ништо: Неверојатната приказна за овој дедо кој 23 години живее на пуст остров!
Profimedia

Шпанската кралица ја носела истата модна комбинација кон крајот на 2019 година, кога присуствувала на една изложба во мадридската Кралска палата.

Profimedia

Поврзани вести

Што е душевен секс?

Слободен Печат

Ќерката на Брус Вилис и Деми Мур призна дека ја изгубила невиноста со постар човек кој ја искористил

Слободен печат

ФОТО: Бела Хадид уште еднаш воодушеви со својот едноставен стил

Слободен Печат

Кое чоколадо има психоактивно, дури и антибактериско дејство врз луѓето?

Слободен Печат

ФОТО: Неговата обожавателка го славела 101-от роденден, а тој и испратил шишиња текила

Слободен печат

Почина Спенсер Дејвис: Гитаристот кој помогна во популаризирање на американскиот блуз во Велика Британија

Слободен Печат

Остави Коментар