Кралицата Елизабета ќе го отвори својот прв паб на имотот во Норфолк

Кралицата Елизабета
Кралицата Елизабета II / Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Кралицата, доколку се остварат плановите, ќе има сопствен локал само на километар и половина одалечен од куќата во Сандрингам. Таму ќе може да се опушти и принцот Вилијам и неговото семејство. Нивниот имот е веднаш преку патот.

Кралицата Елизабета Втора (96) ќе поседува паб на својот имот во Сандрингем во Норфолк. Таа планира пабот да го направи во некогашниот друштвен клуб кој е затворен веќе две години.

профимедиа

Кралскиот имот планира да ја изнајми празната викторијанска зграда со цел да ја пренамени во паб, но со задржување на слободата за сопствеништво. Кралицата, ако плановите се остварат, ќе има сопствен локал само на еден километар и половина одалечен од куќата во Сандрингам. Таму ќе може да се опушти и принцот Вилијам (39) и неговото семејство. Нивниот имот е веднаш преку патот.

Агентите за недвижнини „Ландлес“ го опишуваат ова како ретка прилика. Зградaта некогаш била друштвен клуб, а ја отворил прадедото на кралицата, кралот Едвард Шести во 1884 година.

кралица елизабета
Кралицата Елизабета Втора и принцот Чарлс / Фото: EPA-EFE/STR

Мештаните се со поделено мислење. Некои се задоволни што конечно ќе можат да испијат пијалок во близина, а други се загрижени поради издувните гасови од автомобилите. „Ландлес“ го опишува поранешниот клуб како место со одлична локација и панорамски поглед на природата. Идејата за пабот е последна во низата иновации кои ги воведе принцот Чарлс (73) откако го презеде имотот од татко му од 20 илјади хектари.

Чарлс имотот го направи целосно органски, го подобри паркиралиштето, го преуреди ресторанот и сувенирницата… иако сè се уште е во сопственост на кралицата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот