Крај на сите надежи: Јокиќ сезонава сигурно нема да биде МВП
Никола Јокиќ сигурно нема да биде МВП на НБА лигата бидејќи Денвер не сака да брза со неговото враќање на терените по повредата.
Препорачано
Српскиот кошаркар го повреди коленото на натпреварот против Мајами, по судир со соиграчот Спенсер Џоунс и досега има пропушти 14 натпревари. Дозволено е да се пропуштат најмногу 17 натпревари за да се задржи правото за конкурирање за МВРП прзнанието, но доколку не игра уште една недела, како што најави познатиот Шемс Чарни, Јокиќ ќе ја надмине таа граница. .
„Денвер нагетс повторно ќе ја проценат состојбата на Никола Јокиќ за околу една недела. Тој напредува одлично и е во завршната фаза од рехабилитацијата, но клубот и Јокиќ заедно одлучуваат што е најдобро за долгорочните планови на тимот во текот на целата сезона. Тоа им е поважно од неговата достапност за индивидуални награди како МВП или избор во најдобрата петорка на лигата.
Подготвени се да се откажат од сè тоа за да го имаат целосно подготвен за остатокот од сезоната. Не сакаат да се врати пребрзо и повторно да заврши надвор од терените поради повреда. Тимот и без него игра солидно, има скор од 9-5 откако Јокиќ не игра. Минатата сезона, без него, Нагетс беа на 4-8. Сега се трети на Западот додека Јокиќ се подготвува за камбек“, изјави Чарни.
𝑩𝑹𝑬𝑨𝑲𝑰𝑵𝑮: Nikola Jokic will be reevaluated in “about a week” per @ShamsCharania
He’s in the “ramp up” phase of his return to play process pic.twitter.com/tV0yqgYQC3
— DNVR Nuggets (@DNVR_Nuggets) January 27, 2026
Натпреварите кои Денвер ги игра оваа недела и кои Јокиќ сигурно ќе ги пропушти се со: Детроит, Бруклин, Клиперс и Оклахома.


