Крај на сезоната за Гави, Барса лута кон шпанската фудбалска федерација

Гави се повреди на мечот против Грузија/фото: EPA-EFE/R. GARCIA

Шпанскиот репрезентативец Гави (19), еден од најголемите фудбалски таленти на таа земја, ги скина лигаментите на коленото во победата на Шпанија од 3:1 против Грузија во последното коло од квалификациите за ЕП 2024.

Од претходно Шпанците веќе имаа обезбедено пласман на континенталниот собир, само им требаше победа за да го обезбедат првото место во својата група пред Шкотска кој одигра 3:3 против Норвешка на домашен терен.

Од клубот на Гави, Барселона, се лути кон тамошната федерација што се форсираше нивниот член да настапи против Грузијците.

Фудбалерот на каталонскиот гигант после само 26 минути игра во солзи го напушти теренот. Неговата повреда значи пауза од шест до осум месеци, а под знак прашалник му е настапот на Европското првенство кое ќе се организира од 14 јуни до 14 јули 2024 година во Германија.

Младиот Гави веќе има 27 настапи за најдобрата шпанска репрезентација и со пет постигнати голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот