Крај на сагата: Најмладата милијардерка во светот ја започна 11-годишната затворска казна

Елизабет Холмс / Извор: Википедија

Основачката на „Теранос“, Елизабет Холмс, денес официјално ќе ја започне 11-годишната затворска казна, означувајќи го последното поглавје во долгогодишната сага за измама што ја зафати Силиконската долина, јави „Гардијан“.

На 39-годишната жена и е наредено да се пријави во федерален затворски логор со минимална безбедност во Тексас најдоцна до 14 часот по локално време, како што беше наведено во претходната судска пријава.

Холмс беше пуштена со кауција откако беше обвинета за измама во 2018 година поради нејзината улога како шеф на неуспешната фирма за тестирање на крвта. Таа беше осудена во ноември 2022 година по четири точки од обвинението за измама на инвеститори и осудена на 11 години и три месеци затвор.

Според федералниот закон, Холмс е обврзана да одлежи 85% од времето, дури и ако казната и е намалена поради добро однесување. Сојузниот затворски логор Брајан, каде што на Холмс и е наредено да ја отслужи казната, се сместени првенствено ненасилни затворенички и затоа нема оградување и строги правила на затворите со поголема безбедност. Тоа е програма фокусирана на работа која бара од сите затвореници да имаат работа најмалку 90 дена.

Холмс се обиде да го одложи издржувањето на казната, тврдејќи дека таа треба да биде во можност да остане надвор од притвор додека бара ново судење врз основа на наводни незаконски постапки од страна на обвинителството. Американскиот окружен судија Едвард Давила ги одби тие барања, наведувајќи дека е малку веројатно ново судење или укинување на пресудата за вина.

Подемот и падот на Елизабет Холмс, најмладата милијардерка во светот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот