КРАДЕЦОТ НЕМАШЕ ШАНСИ! Вработената го истепа, доби отказ, а сега и се смешка животна прилика (ВИДЕО)

принтскрин

За жал компанијата не го ценеше ова нејзино храбро дело, па и додели отказ!

Минатиот месец Самер Тапаса Сатарака (24), сега веќе поранешна работничка на компанијата „Best Buy” на Хаваи, стана сензација кога го претепа потенцијалниот крадец, а снимката потоа се појави на социјалните мрежи. Сепак, ова не е крај на приказната бидејќи девојката „му паднала“ во око на Дејна Вајт, претседателот на УФЦ федерацијата.

За жал, нејзиниот храбар потег компанијата не го ценела, па девојката, по инцидентот, добила отказ. Но не би требало да биде премногу тажна поради тоа што од Вајт доби понуда за работа. Тој го објави видеото во кое девојката „му одржува лекција“ на потенцијалниот крадец на звучници. Тогаш ја искористи приликата да ја повика на претстојниот меч на Мекгрегор против Каубој во Невада, а ја искористи и приликата да ја повика оваа девојка да дојде да работи кај него.

– Подготви се за најдобриот викенд во својот живот, Самер – и порача Дејна Вајт во својата јавна порака на храбрата девојка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот