Крадецот изеде ќотек: 82-годишна баба си ја бранеше продавницата (ВИДЕО)

принтскрин

Бабичка на 82 години која работи како продавачка во англискиот град Стоук се здоби со полесни повреди откако се обиде да спречи крадец во нејзината продавница и го истепа со бастун.

Оваа снимка брзо ги освои срцата на гледачите ширум светот. Имено, на снимката јасно се гледа како старицата со бастунот за одење го тепа разбојникот за да спречи да и ја украде стоката.

Крадецот на крај сепак успеа да ја собори и да побегне со неколку украдени кутии цигари и пари.

Дечкото кој се сомничи за грабеж е уапсен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот