Крадец од Нов Зеланд голтнал златен фаберже-привезок инспириран од филм со Џејмс Бонд — полицијата го уапси и чека „природата да си го направи своето“
Полицијата во Нов Зеланд чека природата да си го направи своето откако еден маж наводно се обидел да прошверцува привезок вреден 33.000 новозеландски долари (19.000 американски долари) така што го проголтал во продавница за накит, објави „Асошиејтед прес“.
Препорачано
Мажот на 32 години, чиј идентитет не е објавен, е обвинет дека го голтнал украсниот фаберже-привезок во форма на октопод, во продавницата „Партриџ Џуелери“ во Окленд на 28 ноември.
Како доказ за наводната кражба, засега ништо не излегло на виделина, соопшти полицијата во средата.
„При неговото апсење беше направена медицинска проценка, а полициски службеник е назначен постојано да го надгледува. Во овој момент привезокот сѐ уште не е пронајден,“ изјави инспекторот Греј Андерсон.
Мажот бил уапсен во продавницата само неколку минути по наводната кражба. Се појавил пред Оклендскиот окружен суд на 29 ноември, каде што не се изјаснил за вината по обвинението за кражба.
Наодот што го проголтал е ограничена серија привезоци – фаберже-јајце инспирирано од филмот за Џејмс Бонд од 1983 година, „Октопуси“. Во самата приказна на филмот централно место има операција за шверц на накит што вклучува лажно фаберже-јајце.
Според веб-страницата на продавницата, јајцето, од кое постојат само 50 примероци, е изработено од злато, обвиено со зелена емајл боја и украсено со 183 дијаманти и два сафира. Високо е 8,4 сантиметри и поставено е на постамент.
„Јајцето се отвора и открива 18-каратно жолто-златен октопод внатре, украсен со бели дијамантски пипала и црни дијамантски очи. Изненадувањето со октоподот е омаж на истоимениот негативец во филмот ‘Октопуси’,“ стои во описот.
Времето и дигестијата ќе покажат дали ќе има уште едно „изненадување со октопод“, се вели во текстот на „Асосиејтед прес“.
„Бидејќи овој човек е во полициски притвор, имаме обврска да го надгледуваме, имајќи ги предвид околностите,“ додаде Андерсон.
Тинејџер во Нов Зеланд голтнал 100 магнети, завршил без дел од цревата


