Кристално Јајце - Фото: Принтскрин/Јутјуб

Кристално јајце направено за руски цар оди на аукција, се очекува да достигне цена од 26,4 милиони долари

„Зимското јајце“ од куќата „Фаберже“, направено од кристал и дијаманти за руската владетелска фамилија пред да биде соборена од револуцијата, ќе биде понудено на аукција, а се очекува да достигне цена од 26,4 милиони долари.

Аукциската куќа „Christie’s“ соопшти дека „Зимското јајце“ е само едно од седумте раскошни овални фигури кои останале во приватна сопственост. Јајцето ќе биде понудено на продажба во седиштето на „Christie’s“ во Лондон во вторник.

Јајцето високо 10 сантиметри е изработено од прецизно изрезбан планински кристал, прекриено со деликатен мотив на снегулка од платина и 4.500 ситни дијаманти. Се отвора и открива малечка корпичка со скапоцени камења украсена со кварцни цветови кои симболизираат пролет.

„’Зимското јајце‘ е извонреден пример за занаетчиство и дизајн, „Мона Лиза“ за декоративната уметност“, изјави Оганесиан.

Ова јајце се смета за едно од најизвонредните дела на куќата „Фаберже“ и доколку достигне цена над 26 милиони долари, ќе постави нов светски рекорд за „Фаберже“ предмет продаден на аукција – трет пат „Зимското јајце“ го постигнува овој рекорд. Царот Николај втори го подарил како велигденски подарок за својата мајка.

Истото јајце претходно било продадено во 1994 година во Женева и во 2002 година во Њујорки два пати поставило рекорд, а во 2002 година достигнало цена од 9,6 милиони долари.

Аукцијата е закажана за 2 декември 2025 година во аукциската куќа „Christie’s“, како централен настан во рамките на нивната серија „Classic Week“ аукции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот