Кристално јајце направено за руски цар оди на аукција, се очекува да достигне цена од 26,4 милиони долари
„Зимското јајце“ од куќата „Фаберже“, направено од кристал и дијаманти за руската владетелска фамилија пред да биде соборена од револуцијата, ќе биде понудено на аукција, а се очекува да достигне цена од 26,4 милиони долари. Аукциската куќа „Christie’s“ соопшти дека „Зимското јајце“ е само едно од седумте раскошни овални фигури кои останале во приватна сопственост. …

