Ковид го кутна Тетово, централната и локалната власт со различни гледишта за состојбата

Теута Арифи и Илир Хасани/ Фото: Архива на Слободен печат

Состојбата со Ковид-19 во Тетово е сè уште ризична, па затоа градоначалничката Теута Арифи побара во регионот првите три недели од новата учебна година да бидат он-лајн, а потоа учениците да почнат да одат во училиштата. Нејзината одлука беше како резултат на зголемениот број на новозаразени со Ковид-19 во Тетово, а нејзиното барање е испратено до Кризниот штаб на Владата, Министерството за образование и Комисијата за заразни болести, чија одлука се очекува утре.

Таа порача дека како општина ќе бараат сите вработени во образовните установи да се вакцинираат или да се тестираат на секои три дена.

Според Арифи, во Тетово воведувањето на карантин не е опција, туку масовната вакцинација како начин за надминување на пандемијата.

Заменикот-министер за здравство Илир Хасани сепак мисли дека не се потребни дополнителни мерки за Тетово, иако бројките на новозаразени постојано растат.

„Бројот на пациенти се следи, не е голем како што беше пред една недела и се надевам дека дека во Тетово се достигнува пикот на болеста, што не значи дека тој пик е постигнат во цела Република. Тетово веројатно порано „гори” во однос на другите места, заради сите општи работи и фактори кои настааа во овој регион.“ изјави Хасани.

Во Тетово во изминативе 24 часа се пријавени пет смртни случаи, а вкупно има 121 хоспитализиран.

Пет смртни случаи изминатите 24 часа во ковид центарот во Тетово

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот