Ковачевски свикува средба на коалициските партнери, по незадоволството и заканите за заминување

Фото: Димитар Ковачевски / Фејсбук

Премиерот Димитар Ковачевски за утре точно напладне најави средба со лидерите на партиите од владејачката коалиција, соопштија од владината прес-служба.

„Ве известуваме дека на 19 мај 2023 година (петок) во 12:00 часот, премиерот Димитар Ковачевски ќе одржи редовна средба со лидерите на владината коалција“, пишува во кусото владино соопштение.

Средбата на партнерите во власта доаѓа откако неколку помали партиии најавија заминување од владејачката коалиција. ДОМ на Маја Морачанин најави дека ќе ја напушти доколку не се прифати нивното долготрајно барање за промена на изборниот модел, а Достоинство на Стојанче Ангеловдоколку биде одбиена иницијативата на партијата за згрижување на воените инвалиди и на семејствата на бранители загинати во конфликтот во 2001 година.

Повикот на Ковачевски за средба на коалициските партнери доаѓа и по седницата на Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз, на која беше заклучено дека поддршката од САД околу евроинтеграцијата на земјава не треба да се пропушти, како и дека партијата ќе направи „сè што е до неа за да продолжи напредокот кон Европската Унија“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот