Ковачевски му одговори на Гаши: Неприфатлив и несериозен е предлогот за формирање на заедница на албански општини

Фото: принтскрин

Неприфатлив, несериозен, неевропски и неамерикански, е коментарот на премиерот Димитар Ковачевски за предлогот на Алтернатива во Македонија да се формира зедница на албански општини.

„Се работи за несериозна идеја. Односите во нашата држава се решени со Рамковниот договор којшто го потпишаа претставници на сите партии и на Македонците и на Албанците и кадешто гаранција се САД и ЕУ“, изјави премиерот Ковачевски.

Тој додаде дека врз основа на Рамковмниот договор Македонија е пример за соживот и остварување на правата на сите етнички заедници и дека се изградени  институции за заштита и унапредување на правата на помалите заедници на највисоко ниво во споредба со сите други држави во Европа. Од друга страна, вели Ковачевски, во Косово постои друг договор потпишан меѓу две страни.

„Овој предлог е неприфатлив и несериозен. Со оглед дека зедно сме ги утврдиле правата како ќе живееме и како ќе напредуваме и врз основа на тоа станавме земја членка на НАТО и земја којашто преговара со ЕУ и безбедноста и стабилноста во државата се на толку високо ниво, изградена по 2001 година што сме земја депонент на договорите од Берлинскиот процес коишто ги потпишаа сите земји од Западен Балкан се депонирани во нашето МНР, сметам дека таквиот предлог е и неевропски и неамерикански“, рече Ковачевски.

Премиерот смета дека тие коишто го заговараат се или неинформирани или не ги разгледале добро договорите кои ги решаваат идентитетските прашања на Балканот. Ковачевски и порача на Алтернатива  малку повеќе да се задлабочи на кој начин се решени проблемите во Северна Македонија и на кој начин ќе бидат решени проблемите на Косово, нормално преку заемен договор меѓу Косиво и Србија со посредништво на САД и ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот