Костадин Костадинов / Фото: Фејсбук

Костадинов ги отфрла обвиненијата: Електричните автобуси се набавени законски

Поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, вели дека целосно ги отфрла наводите за сомниене за сторено кривично дело во врска со јавната набавка на електрични автобуси во градот.

-Проектот од стратешко значење за општина Струмица од кој, денес во пракса сите жители на општината имаат јасни економски, еколошки и сообраќајни бенефити, процедурално е инициран од Општината, изгласан на Советот на Општина Струмица, со јасни насоки за формирање Јавно Сообраќајно Претпријатие, спроведување на јавна набавка за автобуси и имплементација на проектот – реагира Костадинов.

Тој додаде дека сите овие чекори се спроведени според важечките закони и вели дека тој и сите наведени за кои постои сомневање дека сториле кривично дело, се на располагање за сите надлежни органи и институции, со цел да им биде појаснето на каков начин е спроведен проектот.

„Политички коментар не би сакал да давам“, вели Костадинов.

СВР Струмица претходно соопшти дека е поднесена кривична пријава против поранешниот градоначалник за „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“.

Пријави се поднесени и против Д.П.С. (61) од Струмица, К.Б. (37) од Богданци, Л.Ј. (63) од Ново Село и Л.Ѓ. (62) од Струмица за „несовесно работење во службата“, како и против Г.П. (58) од Скопје, кој е осомничен дека помогнал во извршувањето на овие дела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот