Фото: илустрација / Архива

Косовските власти испитуваат случаи со лажни фактури за лекување во странство

Постои голем сомнеж за злоупотреба на буџетот на Косово наменет за тешко болните. Дел од болниците во странство ги отфрлија сметките што пациентите ги доставиле до Фондот за здравствено осигурување. Ваквите фактури, за кои постои сомневање дека се лажни, се чини дека издавале болници во различни земји, вклучително и во Кина, пишува Коха.

Новата истрага што ја покрена Државното обвинителство, а сигнализираше Министерството за здравство, упатува на сомнежи дека на Фондот за здравствено осигурување му биле презентирани фалсификувани фактури, со кои се оправдувале услуги кои никогаш не биле понудени во болниците во странство.

Во истражните документи до кои дојде Коха, се гледа дека некои болници негирале до ФЗО дека издавале такви фактури.

Во друг случај ФЗО побарал од една болница да потврди фактури за 11 пациенти, а биле потврдении само два случаи. „Од сите сметки што ни ги испративте, можеме да потврдиме дека нашата болница ги издавала само за двајца пациенти“, велат од „Аџибадем Систина“.

Финансиската вредност на фактурите испратени на потврда во оваа болница е околу половина милион евра. Фондот за здравствено осигурување ги доставил и профилите на тројца пациенти кои рекле дека се лекуваат на клиниката КБЦ во Загреб. Сепак, Клиниката соопшти дека сметките биле лажни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот