Косовска политичка сапуница: Пропадна и 31-от обид за конституирање на парламентот
По триесет и прв пат, конституирањето на деветтиот состав на косовскиот парламент не успеаја, четири месеци по завршувањето на парламентарните избори кои се одржаа на 9 февруари годинава.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Претседателот на седницата, Авни Дехари, исто така ја започна оваа седница со барање за назначување комисија за тајно гласање, но Демократската партија на Косово, Демократската лига на Косово и Алијансата за иднината на Косово одбија да ги дадат имињата, тврдејќи дека има прекршување на регулативата, бидејќи седницата започна со отворено гласање и се обидува да продолжи со тајно гласање.
Дехари го стави на гласање формирањето на оваа комисија, без имињата на партиите, но предлогот не доби доволно гласови и новата седница е закажана за недела, 15 јуни во 11 часот.
Триесетте досегашни епизоди од сапуницата што ќе се паметат долго време, пропаднаа поради недостатокот на гласови од Движењето Самоопределување, а поранешната претседателка Аљбуљена Хаџиу „не го положи испитот“ шест пати директно со отворени гласања, а формирањето на комисијата за надзор на процесот на тајно гласање не успеа повеќе од дваесет пати, на што се спротивставуваат Демократската партија на Косово, Демократската лига на Косово, Алијансата за иднината на Косово и НИСМА, објави Косовапрес.
Конститутивната седница мора да се продолжува на секои четириесет и осум часа додека не се потврди новиот состав на Собранието.
Претставниците на претходната влада и опозицијата продолжија да се обвинуваат меѓусебно за блокирање на процесот и за недостаток на волја за решение.
Движењето Самоопределување (ЛВВ), како победник на изборите, е одговорно за предлагање кандидат за претседател на Собранието и постојано инсистира дека Хаџиу е вистинската фигура, иако за другите партии таа е неприфатлива и се смета за фигура што предизвикува поделби. Прашањето за промена на методот на гласање – од јавно во тајно – е испратено на толкување до Уставниот суд од партиите што беа во опозиција во претходниот законодавен состав.


