Косово ќе испраќа војници во мисии заедно со американската војска

Собранието на Косово за денеска во 18 часот закажа вонредна седница на која треба да донесе одлука за испраќање на припадници на Безбедносните сили на Косово (ФСК) во заеднички мисии со Националната гарда на американската сојузна држава Ајова, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во соопштението од владината служба за информирање се наведува дека седницата е свикана на барање на премиерот Авдулах Хоти и дека дозволата за испраќање контингент на ФСК во мисии со американската војска е единствена точка на дневниот ред на денешната собраниска седница.

– Врз основа на поканата од САД, Владата на Република Косово на 31 декември 2020 година ја усвои одлуката за испраќање на контингент на ФСК во мисии надвор од земјата заедно со Националната гарда на Ајова. Оваа одлука е испратена на Собранието на Република Косово со предлог за испраќање контингент на ФСК во поддршка на регионалната стабилност и мировните операции под Централната американска команда, се вели во соопштението.

Покрај партиите од владината коалиција, и опозициската Демократска партија на Косово најави дека ќе гласа за одлуката.

Извор.МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот