Косово: Имаме капацитет сами да ги отстраниме барикадите, нема списоци за апсење Срби
Министерот за внатрешни работи на Косово Џељаљ Свечља изјави дека барикадите на северот на Косово го изгубиле своето значење. Тој додаде дека здравствената состојба на уапсениот Дејан Пантиќ е добра, а отстранувањето на барикадите ќе овозможи негово префрлање во притвор, објави Телеграф.
Препорачано
„Здравствената состојба му е добра и добива адекватен третман. Испративме барање до нашите партнери да биде префрлен во притвор од полициска станица. Отстранувањето на барикадите би овозможило лесно и безбедно пренесување“, рече Свечља.
Тој додаде дека очекува КФОР брзо да ги отстрани барикадите.
„Очекуваме КФОР да реагира што е можно поскоро. Поминаа 13 дена, а ситуацијата е иста, па дури и се влоши. Ако тоа не се случи, имаме капацитет самите да го направиме тоа“, рече Свечља.
Според него, косовската полиција нема списоци за апсење Срби.
„Не е вистина дека косовската полиција има списоци за апсење на одредени лица. Немаме списоци. Србија, која е виновна за смртта на Оливер Ивановиќ ги има списоците“, рече Свечља.
Инаку спрската листа од протестот кој се одржа денес во Косово истакна дека српскиот народ доживува терор секојдневно, постојат тајни списоци и апсења како и малтретирање од специјалците на Албин Курти.
„Сакаме да кажеме дека сакаме мир и слобода, но и дека не можеме да молчиме за неправдите, за тепањето на нашиот народ, да се договориме тивко да исчезнеме од нашата земја“, изјави денеска од протестот во Рударе, Косово, Горан Ракиќ, претседател на Српската листа
Српска листа од протестот во Косово: Страшно е злото што нѐ надвисна – терор, апсења и тајни списоци


