Српска листа од протестот во Косово: Страшно е злото што нѐ надвисна – терор, апсења и тајни списоци

Фото: RTS

Теророт што го трпиме секојдневно, тајните списоци, апсењата и малтретирањето од специјалците на Албин Курти се причина за денешниот собир. Сакаме да кажеме дека сакаме мир и слобода, но и дека не можеме да молчиме за неправдите, за тепањето на нашиот народ, да се договориме тивко да исчезнеме од нашата земја, изјави денеска од протестот во Рударе, Косово, Горан Ракиќ, претседател на Српската листа, објави Косово онлајн.

„Народе наш Срби, Бошњаци, Горанци, кои две недели на дожд и снег го браните своето право на егзистенција на овие простори, ви благодариме. Ви благодариме што сте тука секој ден, ви благодариме што разбравте дека бевме принудени да го направиме го овој чекор, ви благодарам што истраевте и кажавте дека нема предавање“, рече Ракиќ.

Колку и да ни се закануваат, животот на нашите деца и нашиот опстанок на овие простори се причината да не се откажуваме, се додека не се исполнат нашите барања, додаде Ракиќ.

„Денес нашите браќа од цело Косово се со нас, а кога сме обединети, нашиот глас подобро се слуша во Приштина, Брисел и во Берлин и Вашингтон“, рече Ракиќ.

Тој додаде дека страшно е злото што надвиснало и нема да има повлекување на барикадите додека не се исполнат условите.

„Потребно е да се ослободат Милан Аџиќ и Дејан Пантиќ. Треба да ги повлечете тајните списоци за апсење на Срби кои се однесуваат за учество во протести на граѓаните од септември минатата година до денес, а Курти да ја повлече полицијата од северно Косово, сите единици со долги цевки. Без исполнување на овие услови, нема да има повлекување на барикадите, затоа што сме уморни да чекаме некој од нас да биде следниот“, рече Ракиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот