Кошаркарските засилени со Бонер на мегдан против фаворитот БиХ

Кошаркарките во првото коло од квалификациите за ЕП 2023 загубија од Германија/ фото: fiba.basketball

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија вечерва (19 часот) во СРЦ „Кале“ против селекцијата на Босна и Херцеговина ќе го играат вториот натпревар од квалификации за ЕП 2023 година.

Во првото коло, кошаркарките загубија од Германија со 73:41 и вечерва ќе се обидат да дојдат до изненадување против БиХ која квалификациите ги започна со победа над Белгија од 87:81.

Селекторот Александар Ашаданов за вечервашниот натпревар би требало да може да смета на натурализираната Американка Девана Бонер која ги одработе последните тренинзи пред натпреварот.

– Се надевам дека Девана Бонер ќе го започне натпреварот со БиХ. Таа го одработи синоќешниот тренинг. Беше и на утринскиот, кој повеќе е шутерски, и загревање за она што следува од 19.часот. Ќе видиме. Со и без неа, екипата дефинитивно не е иста – смета Ашаданов кој притоа додава дека БиХ е поквалитетна репрезентација од Германија и очекува тежок натпревар.

– Не очекува уште еден тежок натпревар овој пат на домашен терен со БиХ, која покажа во првото коло против Белгија дека се работи за сериозна екипа. Главен адут е Џонкел Џонс, МВП играчот од регуларниот дел од сезонава во ВНБА лигата  која на првиот натпревар имаше брилијантни 44. поени и 24. скока. Ќе биде исклучително тешко против еден таков играч и противник – додава Ашаданов.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот