фото: ФИБА

Кошаркарските кадети 12. во Европа

Кадетската репрезентација на Македонија го заврши настапот на Европското Првенство во Удине на 12. Позиција. Во последниот натпревар на ЕП за кошаркари до 16 години, Македонија загуби од добро познатиот протвник Израел со 83:72.

Овој пат натпреварот беше решен во регуларниот дел од натпреварот, а првата нивна пресметка во групната фаза, исто така заврши со победа на Израел но таа беше издвојувана по дури три продолженија.

Натпреварот имаше сличен тек како и првата пресметка,во првото полувреме и двете селекции се менуваа во водство, а изедначениот квалитет не дозволи голема разлика и полувремето „црвено-жолтите“ имаа предност од 39:37.

Израмнетата игра продолжи ии во третата четвртина, за во последните 10 минути заморот и падот во концентрацијата си го направија своето, Израел ја презеде контролата и четвртината ја доби со 25:11 со што ја обезбеди победата и 11. позиција на ЕП.

Филип Наков со 20 поени беше најпрецизен во македонскиот табор, Андреј Митевски постигна 11 поени додека Резарт Мемед и Марин Петков реализираа по десет поени.

Избраниците на селекторот Дервишевиќ на седум натпревари остварија две победи и имаа седум порази, но ја остварија целта, останаа во елитната дивизија, а младите кошаркари покажаа дека иднината на македонската кошарка е светла.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот