Кошаркарките со пораз ги стартуваа квалификациите за пласман на ЕП 2025
На премиерата од новиот квалификациски циклус за пласман на Евробаскетот во 2025 година, нашата женска сениорска репрезентација, по голема борба, во текот на сите 40.минути, загуби од Португалија на гостински терен во Матошинос со 65:52.
Препорачано
Нашите девојки успеаа да анулираат двоцифрена негатива во текот на третиот период од играта, дури и го преземаа водството. Но со само три поентерски расположени кошаркарки не успеавме да ја задржиме тешко стекнатата предност.
Португалија го искористи токму тој момент, и „вишокот“ во бројот на скоковите, и на крајот стигна до триумфот
„Трилингот“ Митрашиновиќ-Хемпе-Селцова реализираше најголем дел од поените за нашата селекција на ова далечно гостување. Искомбинираа 48. од крајните 52. поени, што е и една од причините за првиот пораз на премиерниот меч од евро-квалификациите.
Нешто порано, во првиот меч од групата „Г“, во Белград, Србија беше и повеќе од убедлива против Украина, славеше со огромни (82:40).
Токму селекцијата на Србија е наш противник во второто коло од квалификциите во натпреварот кој е закажан за 12. ноември (недела), со почеток од 18.часот во СРЦ „Кале“ во Скопје.


