Кошаркарите во шестиот шешир за квалификациите за ЕП 2021

фото: КФСМ

Кошаркарската репрезентација на Македонија од шестиот шешир ќе ги чека противниците во квалификациите за Европското првенство во 2021 година. Покрај Македонија, во шестиот шешир се наоѓаат уште и Унгарија, БиХ и Холандија.

Според пропозициите, во квалификациите ќе има осум групи со по четири селекции, а стартот на квалификациите ќе биде во февруари идната година.

Првите три репрезентации од секоја група, ќе се квалификуваат на Евробаскет 2021. Од групите каде ќе бидат сместени организаторите ќе се пласираат две репрезентации. Ждребот на кој Македонија ќе ги дознае противниците ќе се одржи во понеделник во Минхен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот