Фото: „Галактикос“ продукција-Кавадарци

Кошаркарите на Тиквеш Голден Игл без проблеми до триумф над Ангели

Една добра одиграна четвртина, онаа втората, им беше доволна на домашните кошаркари на Тиквеш Голден Игл да обезбедат висока предност, и да потврдат дека имаат поквалитетна екипа од онаа на Ангели славејќи со 114:90 во „МТЕЛ“ Супер лигата.

Во првиот период од играта, гостите од Скопје парираа доста добро, и не им дозволија на кошаркарите на Тиквеш Голден Игл да не се одвојат уште во таа почетна фаза од мечот во салата „Јасмин“ во Кавадарци.

Но, по оние 22:17, кои ги имаа домаќините, во вториот период, заиграа уште поефикасно. За 10 минути реализираа 30 поени, примија двојно помалку, па на полувремето веќе има плус од 20 поени (52:32).

Во продолжението, следуваше доста поизрамнета игра. Кавадарчани продолжија со максимален интензитет во нападот. Можеби не и во фазата на одбраната, па во третиот период од играта на двете страни беа реализирани вкупно 62 поени, поделени подеднакво. И без промена во резултатот (83:63).

На крајот, дури шестмина домашни кошаркари имаа двоцифрен број на поени. Најмногу, 24, постигна Хоукинс, три помалку имаше Парсонс, Димитриев даде 18, а Златев и Бошалески по 14. На другата страна од теренот, Хоуг уфрли 25, Стефанов 20, Ренг 17, а Лазарев уште 10 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот