Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја бркаат првата гостинска победа сезонава во АБА лигата

фото: Cibona/Marin Susic/aba-liga.com

После важниот домашен триумф над Цедевита Олимпија, денеска од 18.00 часот играчите на Драган Николиќ ги очекува нов натпревар во АБА лигата, противник им е Морнар Бар од Црна Гора во рамките од 19 коло.

МЗТ Скопје Аеродром со евентуални нови бодови од ова гостување ќе направи уште еден голем чекор во остварувањето на целта сезонава да се обезбеди опстанок во елитата.

Ова ќе биде дуел на двете последнопласирани екипи моментно во регионалното натпреварување, Морнар Бар е на 13 место со 21 бод, а исто толку има и Морнар Бар.

Тренерот на нашиот кошаркарски шампион се надева дека неговиот тим ќе го задржи квалитетот и нивото на енергијата од средбата против Цедевита Олимпија.

– Во Бар одиме со оптимизам и зголемена саодоверба, но без еуфорија бидејќи не ги забораваме претходните лоши партии, особено на гостински терен. МЗТ е единствен без победа на теренот на противниците и ако сакаме опстанок во АБА ова треба драстично да се промени, секако во наша корист. Очекувам подобра игра на моите кошаркари, кои се надевам дека ќе го задржат квалитетот и нивото на енергија од средбата против Цедевита Олимпија. Ако го сторат тоа, тогаш имаме шанси да се радуваме по пресметката крај Јадранското Море – вели Николиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот