Кошаркарите го одработија првиот тренинг во Перм

фото: КФСМ

Утринава кошаркарската репрезентација на Македонија го имаше првиот тренинг во Перм каде ќе се игра квалификацискиот турнир за пласман на Евробаскетот
. Во „Mолот“ Арената, селекторот Александар Тодоров ги изведе сите 15. играчи на кои смета за четирите натпревари, а меѓу нив беа и Ненад Димитријевиќ и Стојан Ѓуроски.

Засилен е и стручниот штаб на селекторот Тодоров и тоа со Никола Василев, кој поради професионалните обврски со својот клуб во Литванија од денеска се приклучи на работата со националниот тим.

Освен овој, на првиот ден од престојот во Перм, „црвено-жолтите“ ќе одработат уште еден тренинг. И тоа во периодот од 19.45 до 21.15 часот по локално, односно 15.45 до 17.15 часот по македонско време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот