Кошарка во Токио: САД, Белгија и Кина си обезбедија пласман во четвртфиналето

EPA-EFE/JOE GIDDENS

Женската кошаркарската репрезентација на САД со 89:69 ја совлада Јапонија во второто коло од групата Б и на едно коло пред крајот на групната фаза си обезбедија пласман во четвртфиналето. Таму ќе се најдат и селекциите на Белгија и на Кина.

Американките кои се главни фаворитки за златниот медал, дојдоа до рутинска победа над Јапонија. Речиси постојано беа во предност која во второто полувреме беше двоцифрена. На крајот САД славеше со 20 поени разлика (84:64). Вилсон беше најдобра на теренот со 20 поени и 10 скокови, а дабл-дабл имаше и Стјуард со 15 поени и 13 скокови. Во вториот натпревар во групата Б, Франција со 87:62 ја совлада Нигерија.

Во групата Ц, Белгија и Кина имаат по две победи во првите две кола и си обезбедија пласман во четвртифиналето. Белгијките со 87:52 го победија Порторико, додека кинеските кошаркарки во драматичен финиш ја победија фаворизираната Австралија со 76:74. Ванг Сију со 20 поени беше најдобра кај Кина, додека Магбегор со 15 поени беше најдобра кај Австралија која е големо разочарување на кошаркарскиот турниур.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот