Коронавирусот се појави во хрватски манастир: Заразените калуѓерките вирусот го донесле од Косово

epa08089114 A nun of the Little Sisters of Saint Francis prepares for Christmas Eve in their monastery in Arlo, Hungary, 24 December 2019. EPA-EFE/Peter Komka HUNGARY OUT

Во него моментално се наоѓаат околу 180 калуѓерки, а нивната просечна старост е 69 години.

Женскиот манастир во Ѓаково на Милосрдните сестри на Св. Крст потврди денеска има десет калуѓерки позитивни на коронавирус.

Во неделата на 21 јуни четири калуѓерки добиле температура по што ја известиле својата докторка која потоа го известила епидемиологот. Потоа се тестирани 12 сестри, а 10 биле позитивни, соопшти манастирот.

Во него моментално се наоѓаат околу 180 калуѓерки, а нивната просечна старост е 69 години.

На денешната конференција за медиуми, хрватскиот Штаб за цивилна заштита од Осјечко -баранската жупанија соопшти дека милосрдните сестри најверојатно се заразиле на Косово.

– Претпоставуваме дека извор на заразата кај милосрдните сестри е од Косово. Сестрите се вратија од Косово пред 2-3 дена. Сите калуѓерки ќе бидат тестирани. Денеска ги чекаме резултатите, а ќе ги тестираме и нивните контакти – рекоа од кризниот штаб, додавајќи дека е „добро што се е под еден покрив“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот