1.1 C
Скопје

Коронавирус: Жена од Вашингтон иако немала никакви симптоми, вирусот го носела во себе дури 70 дена

Една 71-годишна жена од Вашингтон боледувала од леукемија, па затоа нејзиниот имунолошки систем бил ослабен и со тоа и помалку способен да се ослободи од честичките на вирусот кои биле присутни дури 70 дена во нејзиниот организам.

Unsplash

Според новиот извештај, жената која била позитивна на коронавирус во себе го носела вирусот дури 70 дена, што значи дека цело време била заразена, но не покажувала никакви симптоми на болеста.

Иако истражувачите и порано се сомневаа дека луѓето со ослабен имунолошки систем можат да бидат заразени подолго време, до сега имало многу малку докази за тоа.

Резултатите биле спротивни од упатствата на Центрите за контролаи превенција на болести во Америка, кои велат дека имунокомпромитираните луѓе со КОВИД-19 веројатно не можат да ја бидат заразени по 20 дена. Новите откритија сугерираат дека вирусот може да биде во различна форма за одредени имунокомпромитирани пациенти, пишува во студијата објавена во списанието „Cell“.

Прочитајте и...  Ненадејно почина Риалда Кадриќ: Ќе остане запаметена по улогата на Марија од „Жикина династија“
Profimedia

Како што продолжува да се шири вирусот, така ќе се заразуваат сè повеќе и повеќе луѓе со низа имуносупресивни нарушувања и важно е да се разбере како вирусот се развива кај тие пациенти“, вели Винсент Мунстер, вирусолог од Националниот институт за алергии и заразни болести во Америка.

Оваа жена се заразила кон крајот на февруари во рехабилитациски центар во Киркленд, Вашингтон, каде што била пациентка. Таа била хоспитализирана заради анемија поврзана со рак на 25 февруари, а лекарите ја тестирале и за КОВИД-19. На 2 март, резулатите покажале дека таа е позитивна на коронавирусот.

EPA-EFE

Во текот на следните 15 недели, тие ја тестирале повеќе од 10 пати. Заразни честички на вирусот биле присутни цели 70 дена, што значи дека таа можела да го шири вирусот целото тоа време.

Прочитајте и...  Британски, бразилски, јужноафрикански: Што засега се знае за новите соеви на коронавирусот и колку се опасни?

Истражувачите успеале да го изолираат вирусот од нејзините примероци и го анализирале во лабораторија. Во извештајот се наведува дека луѓето со КОВИД-19 се заразни околу осум дена по инфекцијата. Најдолгото времетраење на инфекцијата било забележано дека е 20 дена.

Авторите на оваа студија, исто така, извршиле генетско секвенционирање на „SARS-CoV-2“ за време на нејзината инфекција и виделе дека вирусот со текот на времето развил неколку мутации. Сепак, мутациите не влијаеле на тоа колку брзо се реплицирал вирусот.

EPA-EFE

Како се ослободила од вирусот е непознато и тоа е нешто што треба дополнително да се анализира во идните истражувања кои би вклучувале пациенти со послаб имунолошки систем, велат истражувачите.

Покрај тоа, не се знае зошто таа не покажала симптомин а КОВИД-19 и покрај тоа што била имунокомпромитирана. Истражувачите забележуваат дека оваа студија вклучува само еден случај, па наодите не мора да важат за сите пациенти со слична состојба.

Прочитајте и...  Судот одлучи: Жртвите на Вајнстин ќе добијат 17 милиони долари отштета

Поврзани вести

Наоми Кемпбел ги откажува цигарите и го сподели својот метод: Навистина се обидувам

Слободен Печат

Фановите „полудеа“ по модниот избор на Цеца со животински принт: Велат дека никогаш не изгледала толку добро!

Слободен печат

Кејт Хадсон раскажа за својот татко кој го напуштил семејството кога таа била дете

Слободен Печат

4 хороскопски знаци на кои им претстои период исполнет со среќа и успеси според ѕвездите

Слободен печат

Редок камен со необична сличност со „Cookie Monster“ со вредност од 10.000 долари

Слободен Печат

Лидија Вукичевиќ за Риалда Кадриќ: „Таа беше прекрасна и ведра личност“

Слободен печат

Остави Коментар