Копија од познатата слика со жена со мистериозна насмевка „Мона Лиза“ ќе биде продадена на аукција

EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Сосема верна копија на „Мона Лиза“ од Да Винчи која е постара од 400 години, ќе биде продадена на аукција во Париз во вторник, откако пред неколку месеци беше продадена нејзината репродукција по рекордна цена, објавуваат светските медиуми.

Оригиналната „Мона Лиза“ која францускиот крал Франсоа ја купил од сликарот во 1518, отмено стои во музејот „Лувр“ во Париз и не е на продажба.

Интересно е што копијата која е на продажба и која датира околу 1600та година, е навистина слична на оригиналната, што се верува дека уметникот имал блиска можност да ја гледа оригиналната верзија, велат од аукциската куќа Аsticurial
Проценката е дека копијата ќе достигне цена од 150 до 200 милиони евра.

„Moна Лиза е најубавата насликана жена“ – вели еден од професионалците од аукциската куќа, Метју Фурие, кој ја претстави сликата на јавноста. „Секој би сакал да поседува квалитетна верзија на Мона Лиза“

Според него, Леонардо Да Винчи имал обожаватели кои успешно го следеле и имитирале, затоа што тој е основоположник на еден оригинален стил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот