Конте воодушевен од Елмас: Неверојатен фудбалер, заслужува споменик во Неапол
Тренерот на Наполи, Антонио Конте, по победата над Торино со 2-1 во Серија А, упати пофални зборови за македонскиот репрезентативец Елиф Елмас. Тој на овој натпревар го постигна својот прв гол сезонава, и тоа против поранешниот клуб, со атрактивен полуволеј кој заврши во мрежата на гостите.
Препорачано
Елмас повторно беше во почетниот состав и ја продолжи серијата од 18 последователни настапи како стартер во тимот на актуелниот шампион на Италија. По натпреварот, Конте не го криеше задоволството од неговиот придонес на теренот.
„Да не го заборавиме Свети Елмас, затоа што заслужува споменик. Тој одлично го разбира фудбалот, секогаш е вклучен во играта и може да покрие повеќе позиции – и како дефанзивен играч за врска, но и поофанзивно во средниот ред. Станува збор за извонреден фудбалер. Започна на 18 натпревари по ред и среќни сме што го имаме во тимот“, изјави Конте.
ВИДЕО: Елмас стрелаше против Торино, го постигна првиот гол сезонава
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
6час
-
7час
-
7час
-
7час
-
8час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


