Eлиф Елмас/SSC Napoli

ВИДЕО: Елмас стрелаше против Торино, го постигна првиот гол сезонава

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас вечерва во натпреварот против Торино го постигна првиот гол сезонава во Серија А, но исто така и прв откако е вратен во Наполи.

Елмас во 68-та минута се најде на вистинското место во шеснаесетникот, одлично се снајде и ја смести топката во мрежата за водство од 2-0. Ќе потсетиме, Торино е клубот во кој Елмас покрај Наполи исто така настапуваше како позајмен фудбалер додека беше член на Лајпциг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот