Конте има супер играчи, но и најлоши резерви во Серија А

EPA/ANDY RAIN

Поточно на оваа листа „неро-аѕурите“ имаат само една реализација и се подобри само од екипата на СПАЛ…

Наскоро очекуваме да продолжи и сезоната во најсилното италијанско фудбалско првенство после паузата поради пандемијата на коронавирус.

Интер оваа сезона се наоѓаше на врвот во Серија А, но следуваа лоши игри кои влијаеја во генералниот пласман.

Моментно е на третото место со 54 бодови, шансите и натаму постојат за Скудетото, но треба чудо да се случи, бидејќи сега воглавно погледите се насочени кон Јувентус (63) и Лацио (62) кои ја водат битката за тронот.

Тренерот на Интер, Антонио Конте може да се пофали дека во составот има супер играчи како Алексис Санчез, Ромелу Лукаку, Кристиан Ериксен, но од друга страна е разочаран од податокот дека неговите резерви кои ги има на располагање, од клупата во текот на мечевите немаат скоро никаков резултат.

Поточно на оваа листа „неро-аѕурите“ имаат само една реализација и се подобри само од екипата на СПАЛ. Единствениот гол за Интер реализиран од резервите беше Алесандро Бастони кој го замени Диего Годин во јануари во ремито со Лече (1:1).

ГОЛОВИ ПОСТИГНАТИ ОД РЕЗЕРВИТЕ ВО СЕРИЈА А ОВАА СЕЗОНА –

Аталанта 14
Верона 9
Парма 8
Лацио 7

Јувентус 6
Џенова 5
Милан 5
Сампдорија 6

Каљари 4
Наполи 4
Торино 4
Фиорентина 3

Рома 3
Болоња 2
Сасуоло 2

Удинезе 2
Интер 1
СПАЛ 0

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот