Конте го доби првиот „подарок“ во Интер

EPA-EFE/Fabio Murru

Антонио Конте во петок ќе ја има официјалната презентација како нов тренер на Интер. Тој доаѓа како замена за Лучано Спалети, кој откако го однесе тимот во Лигата на шампионите, доби отказ.

Сè уште неседнат на клупата на „нероаѕурите“, Антонио Конте веќе доби „подароци“ од управата на тимот со најава дека летово уште ќе се вложува во засилувања. Диего Годин е првото засилување на Интер, тој минатиот месец потпиша договор, а денеска Конте доби уште еден фудбалер кој е по негов вкус, Николо Барела од Калјари.

Тимот од Милано се согласи да плати 35 милиони евра на Калјари како обесштетување и го претрка Јувентус, кој исто така беше заинтересиран за младиот италијански репрезентативец.
Следен на листата е Един Џеко за кого Рома бара 15 милиони евра и договорот се очекува да биде постигнат во наредните 10-тина денови.

Директорот Бепе Марота на новиот тренер му ветил уште неколку засилувања. Матео Дармијан кој играше одлично за репрезентацијата додека Конте беше селектор, е планиран како засилување во одбраната, додека за крај на преодниот рок и комплетирањето на тимот со кој ќе се нападне Јувентус во Серија А, се цели кон Киеза од Фиорентина и ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот