Конор Мекгрегор најави враќање во октагонот
Ирецот повторно започна да флертува со враќање во УФЦ.
Конор Мекгрегор најави спектакуларно враќање во УФЦ или барем ги заинтригира фановите дека е подготвен за тоа доколку му се исполнат неговите услови. Ирецот на својот профил на Инстаграм напиша нешто што ги натера неговите фанови да поверуваат дека Мекгрегор ќе се врати во октагонот.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Пред точно четири години. Во соблекувалната ја чекав една од најголемите борби во својот живот. Мекгрегор против Диаз2. Можеби ќе има уште“, напиша Мекгрегор под фотографијата.
Ирецот последната борба во УФЦ ја имаше во јануари годинава кога го нокаутира Доналд Церон во првата рунда. Иако најави дека дека ќе се бори уште најмалку три пати, сепак изненадувачки одлучи да замине во пензија поради „недостаток на мотивација“.
Ирецот беше фрустриран бидејќи УФЦ не му понуди да се бори против Хабиб Нурмагомедов од кого го доживеа последниот пораз.


