Конечно може да почне пререгистрацијата на возилата со странски таблички

скопје автомобили дожд поплава
Дожд во Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Со објавувањето на Правилникот за поединечно одобрување на возилата во „Службен весник“, кој е составен дел на Законот за регистрација на возила со странски таблички, се отстранува и последната пречка за двојно поевтина регистрација на овие возила.

– Министерството за економија го донесе Правилникот и сега Бирото за метеорологија и Царинската управа може слободно да почнат со регистрација на возилата кои се предвидени со последното законско решение – соопшти Бектеши.

Законот стапи на сила на 11 јануари, но за Правилникот беа потребни уште дваесет дена.в Во тој вакуум период, граѓаните кои имаа вакви возила буквално стравуваа да седнат зад воланот, бидејќи полицијата може да ги запре, па дури и да им го заплени возилото. Според информации на „Слободен печат“, ова особено беше присутно во Источна Македонија, каде се возат најголемиот дел автомобили со странски регистрации.  Во меѓувреме, дел од граѓаните кои сакале да ја почнат постапка, не можеле да добијат објаснување зошто царинските службеници, ги препраќаат да извадат соодветна „Потврда за сообразност за возилото“ од Бирото за метрологија како услов за плаќање на намалената царина за 50 отсто.

– Кога отидов во Бирото за метрологија, да земам таква потврда, ми рекоа дека таа се издава на веќе царинето возило и не можат да ми ја издадат. Неофицијално се зборува дека доцнат некои пропратни документи на Законот, а тоа создава дополнителни нервози во оваа здравствена ситуација – вели еден граѓанин од Скопје. За да се добијат сите документи, треба да се чека на шалтерите на царинските подружници, шпедициите и технички прегледи.

Законот за регистрација на возила со странски регистарски таблички има цел на возилата кои се влезени на македонска територија пред 1 октомври 2020 година, да им овозможи регистрација со двојно пониски давачки. Според информациите од Царинската управа, до регистрација на возилото треба да се платат царина 5 проценти, акциза, која се пресметува според вредноста на возилото, еколошка такса во износ од 3.000 до 5.000 денари за употребувани возила и ДДВ 18 проценти. На износот на трансакционата вредност се додаваат трошоците за транспорт и осигурување до влез на возилото во државата. Доколку поседувате соодветен доказ за ЕУ-преференцијално потекло на возилото, тогаш царина е – 0. Или поконкретно, вкупните давачки за возило со средна цена од 5.000 евра, до регистрација излегуваат околу 2.000 евра. Сега сумата ќе се намали за 50 проценти, но еколошката давачка Е28 (воведена од јануари 2020 година) останува фиксна – 3.000 денари. Потоа следуваат хомологација и регистрирање на возилото. Претходно треба да добиете и потврда од Интерпол дека возилото не е предмет на истрага. Откако ќе ги минете сите овие процедури, сообраќајната дозвола чини 200 денари, а за нови регистарски таблички ќе треба да се платат 1.200 денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот