руска армија EPA/

„Комсомолскаја правда”: Нè хакираа, бројот на загинати руски војници не е точен

„Комсомолскаја правда” ја повлече веста за бројот на загинати руски војници во Украина и тврди дека е хакирана нејзината интернет-страница.

Московскиот таблоид поврзан со Кремљ истакна дека веста е повлечена бидејќи не е точна.

Претходно, „Комсомолскаја правда” повикувајќи се на руското Министерство за одбрана, објави дека при инвазијата врз Украина бил убиен 9.861 руски војник, а ранети биле се 16.153 војници.

Киев тврди дека во досегашниот тек на војната се убиени повеќе од 15.000 руски војници. Според руски официјални податоци, кои последен пат беа објавени на 2 март, за време на инвазијата врз Украина загинале 498 припадници на руската војска.

ФОТО: „Комсомолскаја правда” објави дека во Украина се убиени 9.861 руски војници, потоа ја избриша објавата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот