Руски војници/Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON ATTENTION: For the full PHOTO ESSAY text please see Advisory Notice epa09033329 and epa09033330

ФОТО: „Комсомолскаја правда” објави дека во Украина се убиени 9.861 руски војници, потоа ја избриша објавата

Московскиот таблоид поврзан со Кремљ, „Комсомолскаја правда” објави дека при инвазијата врз Украина убиени се 9.861 руски војници, а повредени се 16.153.

„Комсомолскаја правда” се повика на руското Министерство за одбрана, иако Министерството јавно не ги објави таквите податоци.

Според последните официјални податоци објавени од Русија, до 2 март биле убиени 498 војници.

Порталот на весникот потоа ја избриша објавата и тврдеше дека неговата страница била хакирана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот