Комплетиран тимот на деценијата во Евролигата

twitter/Turkish Airlines EuroLeague

Кошаркарската Евролига денеска со објавувањето на последното име го комплетира тимот на деценијата за периодот од 2010-2020.

Последен кој си обезбеди место во најдобриот тим за последните десет години е одличниот грчки кошаркар, Василис Спанулис.

Спанулис три пати ја освојуваше Евролигата, во 2009 година со Панатинаикос, а со Олимпијакос триумфира во 2012 и 2013 година. Во 2013 година исто така беше и прогласен за МВП на Евролигата.

Тимот на деценијата во Евролигата го избираа навивачите, медиумите, тренерите и самите кошаркари.

Тимот на деценијата во Евролигата го сочинуваат: Богдан Богдановиќ, Нандо де Коло, Димитрис Дијамантидис, Лука Дончиќ, Кајл Хајнс, Серхио Љуљ, Хуан Карлос Наваро, Јоргос Принтезис, Милош Теодосиќ и Василис Спанулис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот