Комоли: Ќе има многу позајмици, размена на играчи и малку трошење на пари!

Според поранешниот спортски директор на Ливерпул и Тотенхем не би бил изненаден доколку се игра фудбал без публика до крајот на 2020 година.

Демијен Комоли очекува „многу различен“ преоден рок откако му беше кажано дека само три клуба од Премиер лигата ќе можат да трошат.

Поранешниот спортски директор на Ливерпул и Тотенхем споделува предвидувања за следниот преоден рок, односно смета дека ќе има многу позајмици и размена на играчи, а и малку трошење на пари.

Поради пандемијата на коронавирус претстојниот преоден рок ќе значително поразличен, односно многу клубови ќе имаат ограничени парични средства за обесштетување.

Агент ми рече дека само три клуба од Премиер лигата ќе можат да трошат наредното лето во преодниот рок. Не знам колку е тоа точно, но обично агентите имаат добри информации. Веројатно ќе има малку трансфери, повеќе ќе гледаме размени на играчи, позајмици и со многу помали суми за обесштетување. Колку подолго трае кризата на финансиски план, толку полошо ќе биде за клубовите – се зборовите на Комоли.

Воедно се согласува со идејата да се играат натпревари без публика во наредните месеци:

Има многу фанови кои нема да можат да дојдат на стадионите, но исто така ќе бидат среќни, бидејќи нема да размислуваат на вирусот и на останатите проблеми. Сега подобро би било да се гледа фудбал на телевизија. Не би бил изненаден доколку фудбалот се игра без навивачи до крајот на 2020 година. Од друга страна, луѓето зборуваат дека не треба да се игра пред празни трибини за да заврши оваа сезона, а прашање е што ќе биде со следната – додаде Комоли.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот