„Комити“ им дадоа поддршка на фудбалерите на Вардар (ВИДЕО)

vardarfans.mk

Верните „Комити“ им дадоа поддршка на играчите предводени од тренерот Александар Васоски кои официјално ги започнаа летните подготовки.

Претходно објавивме дека фудбалерите се соочуваат со финансиски проблеми, заостанати плати, а и се шпекулираат голем број на заминувања од клубот.

vardarfans.mk

Навивачите побараа да играат храбро во светиот „црвено-црн“ дрес без разлика на ростерот кој го имаат.

Ветуваат дека и натаму ќе ги поддржуваат своите играчи од трибините, а во име на тимот, капитенот Филип Гачевски рече дека ќе играат од срце за Вардар.

vardarfans.mk

На собирот ги немаше Вилијам Лира, Кларенс Битанг, Леовигилдо Жуниор Реис Родригез и Хуан Фелипе, додека присутни беа и играчи од младинската школа на клубот.

Голема е можноста и во новата сезона Жуниор да биде дел од клубот, додека под знак прашалник е Битанг.  Повратници исто така се играчите кои изминатиов период беа на позајмица во други екипи, се работи за Оливер Дишлиевски и Никола Серафимов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот