Комисијата за заразни болести препорача да се врати задолжителното носење маски во здравствените установи

Жена со заштитна маска на плоштад „Македонија“ коронавирус ковид-19
Жена со заштитна маска на плоштад „Македонија“ во Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Комисијата за заразни болести препорача да се воведе задолжително носење маска во здравствените установи. Препораката следува по појавата на подваријантата на коронавирусот Ерис во регионот, но и зголемениот број на ковид-случаи во Србија.

Оваа препорака, како што соопшти портпаролот на Комисијата, д-р Злате Мехмедовиќ е со цел да се минимизира можноста за пренесување на заразата, особено онаму каде што има загрозени групи кои можат да бидат подложни на тешка компликација, како резултат на инфекција со Ковид-19.

Тоа е со цел да се минимизира пренесување на заразата во здравствените установи. Таму имаме групи кои може да бидат зафатени со тешка слика од Ковид вирусот кој може да се јави и летарен исход, изјави д-р Мехмедовиќ на прес-конференција.

Препораката ќе биде доставена до Министерството за здравство.

Во однос на целокупната ситуација во земјата и бројот на лекови, како и вакцинацијата, било заклучено дека во моментов имаме доволно вакцини и лекови кои што можат да бидат на располагање.

Засега нема препораки за маски во јавниот превоз и домовите за стари лица и лицата со посебни потреби. Околу носењето на маски во аптеките, Мехмедовиќ информира дека во тие објекти, препораките се неформални.

Според информациите од портпаролот на КЗБ, на Инфективна клиника има седум пациенти, претежно повозрасни со коморбидитети и повеќето се на кислородна поддршка.

Србија ги враќа маските во здравствените установи

Во Србија за само три недели, бројот на заразени со корона вирусот е тројно зголемен, а според епидемиолози, реалната бројка е 10-20 пати поголема, бидејќи заболените малку одат на лекар, а уште поретко се тестираат за Ковид – 19.

Според последните официјални податоци, за една недела во Србија имаше 1.529 нови случаи, што е на ниво на статистичка грешка ако се знае дека на почетокот на 2022 година имало речиси 20.000 нови случаи на дневна основа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот