Комерцијална банка ја реализираше првата трансакција со акции во странство

Дирекцијата за вршење услуги со хартии од вредност, при Комерцијална банка АД Скопје, на 12.07.2019 успешно ја реализираше првата трансакција со хартии од вредност на странски пазар. Во рамките на предвидениот рок (Т+2) трансакцијата беше и успешно порамнета од страна на Дирекцијата за вршење старателски работи.

Оваа трансакција беше извршена за постоечки клиент, за кој беше проследен и реализиран налог на германската берза Xetra за купување обични акции. Вкупната вредност на трансакцијата изнесуваше 30.110 евра. На 17.07.2019 е реализиран и налог на физичко лице за купување обични акции на Xetra во вкупна вредност од 4.678 евра.

Комерцијална банка со оваа трансакција потврди дека за краток период ги воспостави системските услови и законски предвидените процедури за тргување со хартии од вредност во странство по налог на домашни и на странски физички и правни лица. Брокерските и старателските услуги од Комерцијална банка се достапни за вршење трансакции на која било регистрирана берза во светот, при што за клиентите се обезбедени сите потребни информации за условите и трошоците за спроведување на бараната трансакција.

Прочитајте и...  Русија негира дека им предложила соработка на САД во развојот на вакцина против коронавирус

 

Прочитај повеќе

Руски јутјубер уапсен за оддавање на државни тајни, ќе остане во притвор до октомври

Слободен печат

Потресни сведочења од притворените на протестите во Минск: Не соблекуваа голи, не тепаа и не мачеа, жените врескаа (ВИДЕО+ФОТО)

Слободен печат

Глетка која го запира здивот: Над 300 делфини забележани во Калифорнија

Слободен печат

Иран ја осуди популарната двојка на 16 години затвор и камшикување поради објави на Инстаграм

Слободен печат

Груби: Сè уште не е постигнат договор помеѓу СДСМ и ДУИ, албанската опозиција шири лажни вести

Слободен печат

Германија ќе ја прогласи Шпанија за ризично подрачје поради коронавирусот

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Матоши: Не се укинуваат тестовите за македонските граѓани при влез во Косово

Миа Агенција

Пандемијата го крена рејтингот на Болсонаро

Слободен печат

Наумовска: Очекуваме дека рокот за отпочнување на учебната година ќе биде пролонгиран

Слободен печат

Шасивари: Доделувањето на мандатот е нов политички преседан, Пендаровски доби функција која ја има само Макрон

Слободен печат

Протест во Скопје против поскапувањето на струјата: Не смееме да го дозволиме овој удар на нашиот грб!

Слободен печат

Радев: Ако има оставки и предвремени избори може да се зборува за промена на Уставот на Бугарија и иднината

Слободен печат