Комбинација на црн ким и мед помага во ублажување на симптомите на ковид-19

Тим научници од институти ширум светот, од Пакистан и Чиле до Канада и САД, неодамна спроведоа истражување со цел да го испитаат влијанието на комбинацијата на мед и црн ким во лекувањето на пациентите со ковид-19, со оглед на тоа што досега се докажани нивните антимикробни, антивирусни, противвоспалителни и имуномодулаторни својства.

Спроведена е рандомизирана контролирана студија на пациенти со различни степени на тежина на болеста, а пациентите примале или еден грам мед на еден килограм телесна тежина и 80 грама црн ким на килограм телесна маса или плацебо во текот на 13 дена.

Резултатите покажале дека оваа комбинација помогнала да се ублажат симптомите, да се исчисти вирусот од телото и да се намали смртноста кај пациенти со умерен или тежок облик на болеста.

Авторите на студијата веруваат дека медот и црниот ким можат да се користат како сигурна и делотворна природна терапија кај заболените од ковид-19, бидејќи тие овозможуваат побрзо закрепнување и ги зголемуваат шансите за преживување.

Покрај тоа, тие можат да се користат самостојно или во комбинација со други лекови што се користат за лекување на ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот