Колумбиската војска бомбардираше упориште на наркокартел, убиени озлогласени водачи
Најмалку девет членови на Клан дел Голфо, најголемиот нарко картел во Колумбија, се убиени во бомбардирање на вооружените сили во северозападниот дел на земјата, објави во вторникот претседателот Густаво Петро.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Убиени се девет членови, еден е заробен, а запленети се и 13 пушки. Таму загинаа водачот Мануел Александар Ариза Росарио, алијас Хитлер и вториот по команда Хаиро Хулио де Хојос, алијас Нејм“, напиша колумбискиот претседател за исходот од бомбардирањето.
Операцијата беше спроведена во Сеговија, позната по рудниците за злато, во провинцијата Антиокија, упориште на картелот каде бандата ги контролира рутите за шверц на дрога. Исто така, има рудници за злато кои работат нелегално, ја искористуваат илегалната миграција и се занимаваат со изнуда и трговија со луѓе за разновидни приходи.
Ordené realizar una operación con bombardeo sobre estructuras armadas del clan del golfo en Segovia, Antioquia.
En las veredas Arenales y Montefrio, Segovia, Antioquia. Unidades del ejército y la fuerza aeroespacial atacan al Clan del Golfo, compañía móvil Jairo Julio De Hoyos y…
— Gustavo Petro (@petrogustavo) March 25, 2025
Неговиот озлогласен поранешен водач, познат по прекарот Отониел, беше уапсен во 2021 година и екстрадиран во САД една година подоцна.
Густаво Петро, социјалдемократски политичар, првиот левичарски претседател на Колумбија избран во 2022 година, се залагаше за почеток на мировни преговори што ќе доведат до разоружување и распуштање на картелот, група наследничка на екстремно десничарски паравоени сили кои го достигнаа врвот на својата моќ во 1990-тите и 20-тите години. Сепак, обидите за контакти се покажаа неплодни.
На почетокот на 2023 година, Петро прогласи едностран прекин на огнот со картелот, но примирјето пропадна три месеци подоцна.
Во 2023 година, производството на кокаин во Колумбија достигна рекордно ниво од 2.600 тони годишно, исто како и областа каде што се одгледува кока, растението чии листови се суровина во производството на дрогата.


